,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“
Програмата на МОН ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се спроведува со цел да се подигне свеста за заштита на животната средина кај децата од градинките и кај учениците од основните и средните училишта.
ООУ ,,Никола Петров – Русински“ е вклучено во програмата на МОН ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Училиштето стана „Еко – училиште“. За таа цел е формиран Еко – одбор, кој е движечка сила на програмата.
Во него членуваат ученици, наставници, родители, претставници од техничкиот персонал, од локалната заедница и од медиумите.
Оваа програма се реализира преку интегрирање на еколошките содржини преку постоечките предмети во сите развојни периоди, како и преку ангажирање на сите чинители, наставници, педагошко-психолошките служби, локалните власти во насока на проекти за зачувување на животната средина.
Под мотото: ,,Ние се грижиме за животната средина – грижата за почиста средина ја чува нашата иднина“, во училиштето се спроведуваат активности за: заштеда на енергија, заштеда на вода, одржување на зградата и здрава средина во училиштето, уреден и еколошки двор и здрава храна за детство без мана.
Благодарение на спроведените еколошки акции со бројни активности училиштето има статус „Сребрено ниво“ еко училиште.
Во рамките на оваа програма во училиштето успешно се спроведува и проектот ,,Еколошко образование за зачувување на природата во Брегалнчкиот регион“. Се спроведуваат повеќе активности со учениците за запознавање со биодиверзитетот во околината и се доставуваат извешатаи до координаторот на проектот.











,,Превенција од насилно однесување во основните училишта во Република Македонија“.
Во училишетео се спроведува програмата ,,Превенција од насилно однесување во основните училишта во Република Македонија“.
Членовите на Наставничкиот совет, Училишниот одбор, Советот на родители и Училишната заедница се запознаени со програмата и потребата училиштето да креира политика за намалување на насилството со вклученост на наставниците, учениците и родителите. Формиран е тим за поддршка на програмата, спроведена е ревизија – самоевалуација на состојбата во врска со насилство во училиштето, која е презентирана на наставниците и се определени приоритети, врз основа на кои е изработена Програма за превенција и намалување на насилството во училиштето која се реализира од страна на стручната служба.
„Со читање до лидерство“
Училиштето е вклучено и во проектот „Со читање до лидерство“, кој е финансиран од УСАИД, а го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија.
Цели на проектот се:
- Да ги унапреди јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија и вештините на наставниците за проценка на нивото на јазична и математичка писменост кај учениците, во соработка со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и други образовни институции.
- Да ги зајакне капацитети на училиштата со цел да се подобрат постигањата на учениците по мајчин јазик и математика.
Активностите се спроведуваат преку 5 компоненти кои меѓусебно се надополнуваат:
1. Процена на јазична и математичка писменост,
2. Професионален развој,
3. Заедници за учење,
4. Дигитални ресурси за учење,
5. Вклучување на семејствата и заедницата.
Меѓуетничка интеграција во образованието“
Во училиштето се спроведува и Проектот на УСАИД за „Меѓуетничка интеграција во образованието“. Воведувањето на меѓуетничка интеграција во образованието претставува вложување во иднината на децата и младите затоа што им помага да станат одговорни граѓани кои знаат заеднички да живеат во мултикултурно/мултиетничко општетсво и заеднички да придонесуваат за развојот на ваквото општество.
За таа цел се посетени повеќе состаноци, обуки и менторски среднби од тимот за училишна интеграција, направена е самоевалуација на состојбата преку анкетирање на наставници, ученици и родители, изврешена е дисеминација на обуката во училиштето. Активностите од проектот се реализираат според изготвениот Акционен план.
Во училиштето се реализираат повеќе активности со цел надминување на стереотипите и предрасудите за други етнички заедници и зголемување на свесноста кај учениците, наставниците и родителите за Мултиетничкиот карактер на Р. Македонија.
„Јазична писменост во одделенска настава“
Програмата „Јазична писменост во одделенска настава“ ја спроведува формираниот Тим за учење од две наставнички од нашето училиште чија задача е следење и поттикнување на поширока примена на стекнатите знаења од обуките кои ги посетија сите одделенски наставнички.
„Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
Во училиштето се спроведуваат повеќе активности од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој го реализираат Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Проектот има за цел зајакнување на врската „родител – ученик - наставник“ преку која ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно – образованиот процес во основното образование.