Знаењето е сила, знаењето е моќ!

Мисија

Нашето училиште е дисциплинирана и безбедна средина во која обезбедуваме индивидуален развој на учениците и наставниците, развиваме свест за правата и одговорностите, негуваме почит и грижа за другите и прифаќање на сличностите и почитување на разликите меѓу етничките заедници и одговорност кон заедницата и животната средина, поттикнувајќи доживотно учење.


Визија

Се стремиме да создадеме современа и пријатна училишна средина во која ќе има интерактивна соработка меѓу наставниците, учениците и родителите, ефикасна и квалитетна настава, каде наставниците се максимално едуцирани и мотивирани за работа, а учениците ги стекнуваат своите знаења со интерес и задоволство, имаат високо развиена еколошка свест и придонесуваат за градење демократско мултиетничко општество.


Слогани

Човекот вооружен со знаење е непобедлив!
Само одговорните и упорните стигнуваат до целта.
Работиме постојано, се усовршуваме, успехот не е случајност.
Добро се чувствуваме кога квалитетно работиме.
Ние веруваме во уникатната можност на секое дете.
Мудар е оној кој се подучува од сите.