Во акцијата беа вклучени сите ученици. Активностите беа со намера да ги отстраниме непотребните суви растенија и гранки, да ги исчистиме зелените површини и да поставиме куќички за птици за да им поскаме добредојде. Со изработки од учениците од одделенска настава беше декорирано еколошкото пано.
Свежо цвеќе на бистата на Никола Петров - Русински во дворот на училиштето положија директорката на училиштето Лиљана Буровска и градоначалникот на општина Берово.
Свечениот дел од прославата се одвиваше во училишната сала каде свое обраќање имаше директорката на училиштето која го истакна значењето на Никола Петров - Русински за македонското национално-ослободително движење и ги поздрави присутните гости. За работата и постигнатите резултати на училиштето во текот на прославата се прикажуваше пригодна презентација.
Учениците од училиштето изведоа свечена програма која вклучуваше изведби на хорот и мандолинскиот оркестар, рецитали, драми, изведба на детски песнички и традиционални македонски ора од страна на играорните групи од училиштето. Беа прочитани и личните творби на учениците од одделенска и предметна настава кои беа наградени со книги на распишаниот литературен конкурс по повод Патрониот празник на тема: „За мене цела Македонија е роден крај “.
По завршувањето на свечената програма се одиграа и меѓуодделенски спортски натпревари во ракомет – женски и мал фудбал – машки.
На првиот училишен ден пред присутните ученици и родители се обрати директорката на училиштето, која ги запозна со условите за работа во училиштето во претстојната учебна година.
Оваа учебна година училиштето ќе го посетуваат вкупно 108 ученици од кои 52 машки и 56 женски, распоредени во 9 паралелки. Во прво одделение се запишани 8 ученици. На првачињата и на нивните родители им го честиташе поаѓањето на училиште. Посакувајќи им среќен почеток на новата учебна година и постигнување на што поголеми резултати во учењето на сите ученици, директорката ги повика учениците со своите одделенски раководители да го одржат првиот одделенски час. Одделенските раководители на учениците им ги поделија учебниците како и Брошура за родители преку која родителите имаат можност да се се запознаат со одделни делови од Програмата за работа, правата и обврските на учениците и организацијата на работата на училиштето, како и измените во Законот за основно образование и проектите кои се спроведуваат во училиштето.
- Собирање на отпад во училишниот двор и околината;
- Засадување цвеќиња во училишниот парк;
- Негување на саксиски цвеќиња и уредување на училишните простории.
По завршувањето на часовите учениците ги чистеа училниците и засадуваа саксиски цвеќиња со кои естетски ги уредуваа училишните простории. Потоа собираа отпад во училишниот двор и околината и засдуваа цвеќиња во училишниот парк. Неколку ученици учествуваа во градската трка во Берово. Со овие активности училиштето повторно придонесе за развивање на еколошката свест не само кај учениците, туку и кај месното население.
Со пригодна програма во училишната сала учениците прво им ја честитаа Новата година на сите присутни ученици, наставници и родители. Потоа се пристапи кон извлекување на наградите од лотаријата. Големиот број награди донесоа радост кај учениците со надеж за посреќна 2017 година и подобар успех во второро полугодие.
Со тоа на учениците и љубителите на спортот од Русиново им се овозможува терените да ги користат и во ноќните часови, со што се придонесува за развој на спортот и спортските активности на учениците и средношколците како еден доста важен сегмент од правилниот раст и развој.
На учениците им беше укажано дека со закон е забрането неовластено да се користат пиротехнички средства, затоа што со нивната употреба се нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, може да бидат предизвикани телесни повреди, пожар и други штетни последици. Исто така учениците добија корисни информации за начинот на изработка, продажба и злоупотреба на петардите од страна на малолетни лица, со што стекнаа поголем увид во опасностите од користењето на пиротехнички средства.
Свежо цвеќе на бистата на Никола Петров - Русински во дворот на училиштето положија директорката на училиштето Лиљана Буровска и делегацијата од општина Берово.
Свечениот дел од прославата се одвиваше во училишната сала каде свое обраќање имаше директорката на училиштето која го истакна значењето на Никола Петров - Русински за македонското национално-ослободително движење и ги поздрави присутните гости. За работата и постигнатите резултати на училиштето во текот на прославата се прикажуваше пригодна презентација.
Учениците од училиштето изведоа свечена програма која вклучуваше изведби на хорот и мандолинскиот оркестар, рецитали, драми, изведба на детски песнички и традиционални македонски ора од страна на играорните групи од училиштето. Беа прочитани и личните творби на учениците од одделенска и предметна настава кои беа наградени со книги на распишаниот литературен конкурс по повод Патрониот празник на тема: „Никола Петров – Русински, син наш македонски“.
По завршувањето на свечената програма се одиграа и меѓуодделенски спортски натпревари во ракомет – женски и мал фудбал – машки.
На средбата беа пренесени препораките за активности од проектот кои ќе се реализираат во учебната 2016/17 година.
Потоа имаше презентација на тема „Дислексија“ преку која наставничките беа обучени како да препознаваат индикатори кај ученици кои имаат таков проблем за да можат да им помогнат да го надминат истиот. На крајот беше објаснета и процедурата за сертификација на членовите на заедницата и за посебно признание за училиштето.
Во соработка со Службата за Детска и превентивна стоматологија при ЈЗУ Здравен дом Берово на 26. 10. 2016 година беше одржано едукативно предавање на тема: „Градба и функција на оралната празнина“ за учениците од прво и четврто оддделение. Учениците со интерес го проследија предавањето од страна на детскиот стоматолог др. Зорица Ризинска.
Од собраните парични средства беа купени прехрамбени продукти од кои беа направени пакети со храна и истите беа поделени на луѓе кои се социјално загрозени.
По повод 8. Октомври Меѓународниот ден против уништување на природата, учениците од ООУ „Никола Петров - Русински“ изработија куќички и хранилки за птици, за да им помогнат на птиците полесно да ја минат зимата.
На 13. октомври во соработка со НВО „Еколошко здружение Кладенец , Пехчево“, беше организирана едукативна работилница на тема „Заштита на водените ресуси“. Целта на оваа работилница беше да развива свест за различните начини на кои се загадуваат водите на глобално ниво и можните начини за заштита на водите на локално ниво. Меѓународниот ден на пешаците - 15 октомври и Меѓународниот ден на храната - 16 октомври беа одбележани со едукативен час за Здравите навики. За здрав развој на децата подтребна е разновидна храна богата со витамини и минерали, како и спортски активности. Со вклучување на родителите за Заедничка грижа и правилен развој на учениците, Меѓународниот ден на храната беше одбележан и од страна на првачињата и нивните родители преку креативна работилница „Зеленчуков ден“.По повод одбележувањето на Детската недела, во ООУ ,,Никола Петров – Русински“ беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација која се одржа на 7. Октомври.
Под мотото „И децата се прашуваат“, постарите ученици им подготвија приредба со што на нивните помлади другарчиња им посакаа добредојде и им го честитаа приемот во Детската организација. Првачињата пак, дадоа заклетва и чесен татковински збор дека ќе ги слушаат наставниците, ќе бидат примерни и вредни ученици и ќе се дружат со другарчињата. Топло добредојде на првачињата во Детската организација им посака директорката на училиштето Лиљана Буровска, која го истакна значењето на членувањето во оваа организација, како начин на остварување на Конвенцијата за правата на детето. Со приемот во Детската организација првачињата станаа рамноправни со сите деца.Проектот „Македонија без отпад“ продолжува да се реализира и оваа учебна година во организација на асоцијацијата „Ајде Македонија“. За овој проект поддршка даваат бројни организации, институции на граѓани, а на светско ниво се одржува во повеќе од 130 земји.
ООУ „Никола Петров - Русински“ се вклучи во големата национална акција за чистење на отпадот „Македонија без отпад 2016“.
Најпрвин во училишната сала пред сите ученици беше прикажан филм со наслов „Валкано или чисто, не е исто“, со цел учениците да се потсетат на правилата за намалување на отпадот – Селектирај, рециклирај, реупотреби!
Потоа учениците собираа отпадоци во училишниот двор и околината.
По повод одбележувањето на 70 години централнобанкарски активности во Република Македонија, Народната банка организира активности под мотото „Запознајте ја централната банка“ и има за цел да ја приближи Народната банка до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на граѓаните за доменот на делување на институцијата, нејзината улога и значењето што го има во домашната економија.
ООУ „Никола Петров - Русински“ е меѓу десетте избрани училишта кое беше посетено од претставници на Народната банка на 30 септември 2016 година во рамки на организираниот Kараван на Народната банка за финансиска едукација. Целта на овој караван е ширење на финансиската едукација и доближување на Народната банка и до учениците од најоддалечените и рурални средини.
Презентацијата со задоволство ја посетија учениците од VII, VIII и IX одделение, кои се стекнаа со знаења за функционирањето на Народна банка: кој раководи со неа, од кога денарот е воведен како валута во Р. Македонија, како се изработуваат банкнотите и монетите, со поимите инфлација и дефлација и сл. На крај на присутните ученици им беа доделени скромни репрезентативни и едукативни материјали.
Учениците од I и II одделение од ООУ „Никола Петров – Русински“ проследија едукативно предавање од областа на превенцијата во сообраќајот на тема „Запознавање на патот од дома до училиштето“ .
Презентацијата со наслов „Сообраќаен буквар“ беше прилагодена на возраста на учениците и тие со интерес ја проследија и преку прашања и одговори активно се вклучија во истата.
Предавањето беше реализирано во соработка со ПС од ОН Берово.
16. Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка беше одбележан со изложба на фотографии. Членовите на еколошката секција направија фотографии и пораки за заштита на озонската обвивка и еко системите на Земјата. Со оваа активност се свртува внимениета на сите ученици за занчењето на озонската обвивка која ја штити Планетата од УВ зрачење за со тоа го заштитува здравјето на луѓето.
По повод 22. Септември – Меѓународниот ден без автомобили ООУ „Никола Петров – Русински“ организираше велосипедска трка. Во трката учествуваа ученици од предметна настава во две категории. Помалите ученици возеа велосипеди на часовите по физичко и здравстево образование. На тој начин учениците испратија порака дека автомобилите можат да се заменат со велосипеди, барем еден ден во годината. Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај граѓаните за влијанието на транспортот врз квалитетот на воздухот и да ги охрабри да го подобрат здравјето со промена на еден ден во ден на мобилно однесување.
Earth day
Наградени ученици на Регионален натпревар по математика 2014/2015 година - Регион Берово


Од училиштето домаќин учествуваа учениците: Викторија Велинска од V одделение, Давид Џингарски од VI одделение и Александар Мирчовски од IX одделение, а најдобри резултати постигна ученикот Давид Џингарски од VI одделение кој освои прво место во својата конкуренција. На Републички натпревар по математика ќе учествуваат првопласираните ученици од VII, VIII и IX одделение.
Директорката на училиштето им порача на учениците овој ден да биде само почеток на грижа и одговорно однесување кон животната средина во текот на целата година и ги потсети да го почитуваат Еко – кодексот на училиштето. Помалите ученици беа вклучени во активностите за чистење и уредување на училишните простории со саксиски цвеќиња, како и засадување цвеќиња во училишниот парк.
Поголемите ученици учествуваа во чистење и уредување на училишниот двор и блиската околина и засадија украсно дрво во училишниот парк.
Учениците од еколошката секција со еко - пароли поминаа по улиците во населбата и преку делење еко - летоци го потсетија месното население дека треба сите заедно да се грижиме за природата, да ја негуваме и чуваме. – „Уништувајќи ја природата се уништуваме самите себе“, „Наша морална и етичка одговорност е да ја заштитиме природата“ - беа дел од пораките кои ги упатија учениците. Во овие активности се вклучија и неколку родители, кои заедно со своите деца садеа цвеќиња во училишниот парк, со што дадоа свој придонес за заедничка грижа и правилно насочување на учениците.
Со овие активности ООУ ,,Никола Петров – Русински“ повторно придонесе за развивање на еколошката свест не само кај учениците, туку и кај месното население. Прочитај повеќе
- Едукација на учениците за препознавање на различните видови дрвја во околината од страна на шумарски инженер;
- Работилница за изработка на детски разгледници од природни материјали за ученици и родители;
- Засадување украсни дрвца во училишниот двор од страна на вработените, помалите ученици и родители;
- Пошумување во блиската околина со црн бор и багрем од страна на поголемите ученици;
- Еко парада и делење летоци на населението за значењето на шумите спроведена низ населбата;
- Во акцијата активно се вклучија и родителите на учениците со што дадоа свој придонес за заедничка грижа и правилно насочување на учениците.
Со вклученоста и во оваа еколошка акција ООУ „Никола Петров – Русински“ како еко училиште повторно придонесе за подигање на еколошката свест и развивање на чувство за значењето на шумите за животната средина.