За нас

Историјат

Според некои податоци, се наведува дека училиштето постоело и работело уште во втората половина на XIX и првата половина на XX век. По ослободувањето, како четиригодишо, училиштето започало да работи во месец ноември 1944 година. Во првата година биле запишани 302 ученика. Во наредните три години, тоа прераснува во седумгодишно под името „Даме Груев“ а од 1974 година училиштето станува осумгодишно под денешното име. Новата училишна зграда била подигната 1947 година на два ката со тврда градба, со 12 училници, простории за ОТП, фискултурна сала, како и кујна со трпезарија. Површината на објектот изнесува 1588 м2, а површината на спортски терени и игралишта изнесува 1800 м2. Училиштето од оваа учебна година се загрева со топловодно парно греење

Од 2008 во училиштето е воведено деветгодишно основно образование. Условите за работа и учење во училиштето постојано се подобруваат: училишната зграда е реновирана, се набавуваат нови современи нагледни средства, наставата и оценувањето постојано се унапредуваат, а во училиштето се спроведуваат голем број проекти на кои училиштето покажува забележителни резултати. Наставата се одвива на македонски јазик, има 9 одделенија во 9 паралелки, а се работи во една смена.

Во најисточниот дел на Република Македонија, во горниот изворишен дел на реката Брегалница се наоѓа Малешевската котлина, заградена со Малешевските планини, Огражден и Плачковица. Во нејзиниот југозападен дел се наоѓа Русинскиот реон кој зафаќа површина од 18 000 хектари, а на надморска висина од 850 до 1394 метри. Русиново се простира на двете страни на Русинска река, во нејзиниот среден тек. Со центарот на општината, Берово е поврзан со асфалтен пат. Бројот на жители изнесува околу 2500 од кои голем број се невработени. Училиштето ,,Никола Петров - Русински” е лоцирано е во центарот на с. Русиново. Го посетуваат ученици исклучиво од с. Русиново. Работата на училиштето се одвива во еден објект изграден 1947 година. Во составот на училиштето има спортска сала со неопходни реквизити и справи за потребите од таа област, а исто така училиштето располага и со спортски игралишта за ракомет, фудбал, кошарка и одбојка. Околу училиштето има зелена површина, со украсни дрвца, жива ограда, а во училишиот парк стои бистата на нашиот патрон. Училишниот ентериер е на солидно ниво. Имено, во училишните холови, училници, кабинети, се наоѓаат цвеќиња, дипломи и признанија на ученици и наставници, таблоа и сл.

Во најисточниот дел на Република Македонија, во горниот изворишен дел на реката Брегалница се наоѓа Малешевската котлина, заградена со Малешевските планини, Огражден и Плачковица. Во нејзиниот југозападен дел се наоѓа Русинскиот реон кој зафаќа површина од 18 000 хектари, а на надморска висина од 850 до 1394 метри. Русинскиот реон има ридско-планински карактер. Земјиштето има тектонски карактер. Геолошкиот состав на почвата е разновиден но сиромашна е со хумусни материи.
Климата во котлинскиот дел е умерено-континентална, а на надморските висини од над 1000 метра преминува во планинаска клима. Врнежите годишно во просек изнесуваат од 830 до 850 мм. Хидрографијата во реонот е слабо развиенаи е претставена со помали реки и мали притоки (ендаци). Планината Петлец, Драѓински Рид, Преслапот и Џами Тепе претставуваат вододелница на три речни слива: Русинска Река, Трите Реки кои се притоки на Брегалница и Безгаштовска Река, притока на Струмичка Река.
Во ридско-планинските подрачја на Русинскиот реон почвените и климатските услови овозможуваат развиток на: шумски пространства претставени со бор, бука, даб, лешка, габер, дрен и други; планински пасишта и ливади за одгледување на ситен и крупен добиток; застапеност на житарици (рж, овес, јачмен) како и компирот на одредени почвени подрчја.

Во пространиот Русински атар (реон) се застапени сточарско-полјоделски населби наречени Русински колиби, кои се оддалечени од населбата с. Русиново од 3 до 20 км, а тоа се: Ширините - 3 км , Миношор (Торковица и Грамадје) - 4 км, Омаровец - 8 км, Трнков преслап - 7 км, Губенек - 10 км, Дражински рид - 10 км, Безгаштово - 15 км, Калуѓерица - 13 км, Мамутлија - 14 км, Ачкалан - 20 км, Скрчим (Ибраимов Рид) - 18 км. Во колибарските населби луѓето се занимаваат со сточарство, а помалку со полјоделство. За своите потреби имаат изградени свои живеалишта - колиби, фурни за печење леб, амбари како и простории за добитокот (плевни, кошари и слонови).
Русиново се простира на двете страни на Русинска река, во нејзиниот среден тек. На исток тоа е заградено со ридот Чунгул и Коколански рид, на запад со ридот Бабин Гроб, а на јужната страна се наоѓаат помали ридови и планината Петлец на надморска височина од 1357 метри. Кон северната страна Русиново е отворено кон русинско поле, а потаму према беровско поле. Со центарот на општината Берово е поврзан со асфалтен пат. Бројот на жители изнесува околу 2500 од кои голем број се невработени.